Петар Печков
Објавено: вторник, 30 ноември 2021
ЈКП Дервен заврши со рачното чистење на Потокот, во месноста Дервен. Тоа траеше два дена и доаѓа по реакциите на граѓаните за сметот кој се наоѓа во отворениот канал. Ова беше вонредна акција, откако несовесни граѓани дел од домашниот смет го исфрлале во овој простор. Вкупно бил собран смет од осум трактори.
„Просторот беше исклучително загаден со смет и отпадоци од домаќинствата. Во акцијата беа вклучени над 40 работници, со цел што побрзо да се исчисти оваа месност и при пообемни врнежи да не дојде до поплавување на станбените објекти“ – соопштија од ЈКП Дервен.
Дел од собраниот сметот кој што не може да се извади рачно дополнително ќе се собира со градежна машина.
Од велешкото комунално претпријатие ги потсетуваат граѓаните кои живеат во овој дел на градот, да ги почитуваат термините за исфрлање на сметот и да се придржуваат до комуналниот ред.
Tweet |