Петар Печков
Објавено: среда, 21 март 2018
Изминатите два дена траеше акција за собирање на смет околу езеро Младост. Ја изведе ЈКП Дервен преку вработени во Комунална хигиена. Според нивните проценки, за овие два дена исчистени се 16 метри кубни смет.
Се исчисти просторот околу летниковците, кој е најискористен од граѓаните, крајбрежниот појас и покрај патот кој води до мотелите и сателитската населба. Целта е да се подготви теренот за пролетните и летните месеци, период кога овие локации се многу посетени од граѓаните на Велес - информираа од локалната власт.
Општина Велес и ЈКП Дервен апелираат до посетителите, да се однесуваат поодговорно кон животната средина- ,,Само на тој начин езерото Младост ќе биде убаво место за престој во природа,,. Оваа активност е дел од акцијата за генерално пролетно чистење.
Од ЈКП Дервен потенцираат дека рекреативната патека не беше опфатена во оваа акција, но дека не е заборавена и во наредниот период и таа и околината околу неа ќе бидат исчистени.
Граѓаните посетители на овој рекретивен центар бараат поредовно чистење во наредниот период и повеќе корпи за отпад.
Tweet |