речник контакт

Исчистен узурпираниот простор околу тезгите на Покриениот градски пазар

Просторот помеѓу редовите во тезгите е зголемен на 2,5 метри растојание доволно за да може купувачите да се разминуваат

Петар Печков

На Градскиот покриен пазар отстранети се  дополнителните тезги, кои го ограничуваа движењето на купувачите.

По реакциите на граѓаните, надлежните од РЕ Пазари им посочиле на продавачите, дека треба да се отстранат дополнителниот узурпиран простор кој е нелегално зафанат од нивна страна, надвор од правилникот за користење. Продавачите самоволно си поставуваа дополнителни тезги околу постоечките.  

Новина е што  просторот помеѓу редовите во тезгите  е зголемен на 2,5 метри растојание доволно за да може купувачите да се разминуваат.

На корисниците на тезгите им било кажано дека доколку  ја прекршат правилникот, ќе бидат опоменати, доколку по втор пат постават тезга надвор од металната ќе бидат казнети парично а ако се случи и трет пат, се раскинува договорот и продавачот нема да може да работи на покриениот Градски пазар.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »