Петар Печков
Објавено: петок, 05 јули 2024
Службата за Итна помош од Велес, интервентно се снабди со нови дополнителни дози на змиски против отров, откако пред седум дена, постојните биле потрошени на двајцата пациенти, кои беа каснати од змии, откако при работа во лозје, наишле на змиско гнездо.
„Во петокот, минатата седмица кога се потрошија серумите антивиперинум истиот ден се набавија нови и на располагање имаме вкупно пет“ – кажа д-р Василка Пановска, началник на Службата за итната помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Во велешка болница, велат дека имаат доволен број на серуми, кои се располагање на две одделенија Инфективно и Интерно. Во Велес и велешко во првата половина од годинава се регистрирани две каснувања од змија.
Tweet |