Петар Печков
Објавено: вторник, 09 април 2024
Вчеравечер во Горно Оризари се одржа заеднички ифтар на отвореноm, на која според организаторот присустуваа околу 600 гости. Организатор беше Здружението на граѓани „Глас Оризара“.
На него присустуваше премиерот Талат Џафери, турскиот амбасдор во Македонија Фатих Улисој, градоначалникто Марко Колев.
Премиерот Џафери ги поздрави жителите на Горно Оризари и изрази задоволство што има можност во последните денови од месецот на постот Рамазан, да биде на ифтарската вечера заедно со граѓаните, упатувајќи им срдечни честитки во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
„Посакувам вака заедно да го дочекаме крајот на месец Рамазан. Во пресрет на Бајрам ја користам приликата да ви го честитам празникот Рамазан Бајрам. Ви благодарам уште еднаш за оваа можност да бидеме заедно“, кажа Џафери.
Турскиот амбасадор Улусој ги поздрави сите присутни граѓаните на ифтарот, пренесувајќи ги срдечните поздрави до сите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Со ова разбирање, ние придаваме големо значење на мирот и стабилноста што преовладуваат на Балканот. Зајакната со своето етничко и културно богатство, Северна Македонија е пример во нашиот регион во однос на хармоничен соживот на Турците, Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и другите заедници. Зачувувањето на оваа мултикултурна текстура и социјална хармонија што го одразува богатството на Северна Македонија е од витално значење за воспоставување и одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион“, рече Улусој.
Претседателот на здружението домаќин на ифтарската вечера „Глас Оризара“, Енвер Карталовиќ, изрази голема благодарност од сите присутни на ифтарот.
„Целта на вечерашниот собир не е јадењето, туку је демонстрација на заедништвото. Ние, иако сме од различни вери, нации, различни политички погледи, ние имаме многу заеднички нешта и мислам дека вечерва тоа и го покажавме“, порача Карталовиќ.
Фото ФБ/ Глас Оризара
Фото ФБ/ Талат Џафери
Tweet |