речник контакт

КИНО 11 ОКТОМВРИ

Велес е меѓу ретките градови во Македонија и мора да се гордееме со тоа. Нема кино.

Аница Солева

Велес е меѓу ретките градови во Македонија и мора да се гордееме со тоа. Нема кино. Тажно е што кино салата ја оставаат да пропаѓа (капацитет од 550 седишта). Нема ли некој од мајка роден? Па и ние понекогаш сакаме да отидеме во кино. Се навикнавме на домашното кино, си купивме по еден сараунд и двд плеер, колку толку има двд-теки во градов и нормално семкарници. Ама тоа не е тоа. Кога последен пат сте биле во кино? Зарем не е поубаво кога си опкружен со народ? Друг е филингот. Ќе размениш мислење, можеби со некој и ќе се скараш, ќе се криеш да не те фанат со сончоглед. Плус тоа, ете ви нови работни места. Но, за жал ова е Велес (демек [b]Град на културата[/b]).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »