Петар Печков
Објавено: вторник, 26 февруари 2019
Со убедлива победа од 0:5 полувреме 0:3, футсал екипата на Велес го заврши првиот дел од пренството на Првата лига. Во Штип е совладана екипата на Астибо, која беше трета и претходото коло му даде жилав отпор на лидерот КМФ Шкупи. Со ова 18-то коло заврши првиот дел од првенството, КМФ Велес е втор со 44 бодови, четири помалку од лидерот КМФ Шкупи. Првенството продолжува со нов распоред на одигрување на натпеварите еднокружно. Вториот велешки прволигаш КМФ Велес беше суспендиран откако не одигра два натпревари.
Победа и за ГОК Борец, максимално со 3:0(-10; -21; -17 ) во гости во Дебар против последно пласираниот тим на Дибра Волеј. Ова е втора победа на велешани, и првата беше исто така против одбојкарите на Дебар. Во следното коло, во разигрувањето од 7-мо до 10-то место, во Велес гостува екипата на Јанта Волеј од Скопје која е лидер во разигувањето. Претходно одбојкарите на ГОК Борец одиграа квалификации за купот и во Штип се поразени од екипата на Универзитет Гоце Делчев со 3:0 ( 21; 11; 16) и се елиминирани.
Изненадување приредија кошаркарите на КК Борец Басект кои во 16-тото коло на Втората лига Исток, во Скопје славеа против ланскиот прволигаш КК Карпош Соколи со 82:83, откако есеноска загубија дома во Велес. Со оваа победа велешани се вратија во игра за четвртото место кое води во разигрувањето за пласман во Првата лига. Тие сега се четврти со 21 бод од 13 средби, а во игра за оваа позициај засега се уште три екипи. Во следното коло КК Борец Баскет ја пречекува екипата на КК Спарта од Скопје која е седма со пет победи од 13 средби.
Tweet |