речник контакт

КК Борец баскет во разигрување за пласман во Супер лига, познати паровите во мини лигата

ТрМр истражуваше зошто Дерик Елис Јуниор мораше да се врати во САД

Петар Печков

Кошаркарската федерација на Македонија ги определи двојките во разигрувањето за пласман во Супер лигата, каде ќе учестува и велешки КК Борец баскет. 

Учесници се  првопласираните четири екипи од групата „А“, и уште четирите најдобри од групата „Б“.

3а место кое води во Супер лигата ќе се натпреваруваат екипите на: Вардар, Мега басккет, Струмица ФМП, Бутел, Соколи 1933, Борец баскет, Охрид, Водно санс. 

Овие осум екипи ги пренесуваат и меѓусебните резултати остварени во првата фаза, и ќе одиграат уште по осум натпревари, против екипите од спротивната натпреварувачка група (двокружно, секој со секого). Или КК Борец баскет има три победи и три порази, колку што имаат и другите три екипи од групата Б – КК Струмица, КК Соколи и КК Бутел. 

Четирите најдобри екипи во втората ТОП 8 фаза се пласираат во полуфиналето, кое ќе се игра според форматот „подобар во три натпревари“, а победниците од овие серии ќе се борат за местото кое води во елитата, според истиот формат.

Или конкретно КК Борец баскет ќе игра со:
КК Водно Санс на 14 февруари во гости Скопје/14 март дома
КК Охрид на  21 февруари дома/ 21 март гости
КК Вардар на 28 февруари гости Скопје/ 28 март дома
КК Мега баскет 7 март дома/ 4 април гости Прилеп 

               Т А Б Е Л А

1.Вардар             6 4 2 530:496 10

2.Мега баскет      6 4 2 537:515 10

3.Струмица ФМП 6 3 3 438:416    9

4.Бутел                6 3 3 438:416   9

5.Соколи 1933      6 3 3 445:431  9

6.Борец баскет     6 3 3 454:511  9

7.Охрид                6 2 4 428:480  8

8.Водно санс         6 2 4 495:499  8

Вчера од клубот си замина Дерик Елис Јуниор, кој според македонското законодавство.   „Државјани на САД (граѓани на Соединетите Американски Држави) можат да престојуваат во Северна Македонија без виза за до 90 дена (три месеци) во период од 180 дена (шест месеци) при патување со туристички или бизнис цели. Обидете на клубот да докажат дека плејмејкерот е на листат на значајни уметници, спортисти, не била прифатена, па затоа големото засилување вчера се врати дома. (затоа пак работниците од Индија, Непал, Шри ланка добиваат дозволи за работа и имаат престој во државата) Неговите колеги кошаркари зборуваат за исклучителна млада личност, одличен кошаркар, другар, кој животот го минал како сирак. 

фото КФМ

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »