Петар Печков
Објавено: петок, 27 септември 2024
Во втората седмица од месец октомври, започнува првенството на Втората кошаркарска лига, каде се натпреварува и велешки КК Борец баскет.
Во лигата се пријавени 12 екипи а во првото коло на 12/13 октомври КК Борец игра со КК Ангели од Скопје.
По завршувањето на 22 кола, првите 8 екипи го продолжуваат натпревувањето по нокаут систем, за екипата која ќе победи и ќе се пласира во Првата лига.
За КК Борец баскет ќе настапувааат млади кошаркари, потоа проверени имиња, кои неколку сезони се дел од екипата, во која по двегодишна пауза се враќа Петар Виларов и како засилување Александар Штерјов.
Tweet |