Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јануари 2023
Стартуваше новата спортска година, и тоа успешно за велешките спортисти. КК Борец басект, во првото коло од вториот дел на првенството на Втората лига, победи во македонска Каменица против КК Баскет Кам со 64:68. Тоа беше дерби на екипите од долниот дел на табелата и со оваа победа велешани избегаа од критичната зона.
„Голем пресврт и победа број 5 сезонава! Иако бевме на -12 ,успеавме да славиме откако домаќините постигнаа само 4 слободни фрлања и еден кош од игра во 4/4“ - соопштија од КК Борец баскет
Тие се 10 на табелата, во друштво со три екипи со ист број бодови. Во следното коло, викендот пред нас во Велес доаѓа екипата на КК Водно санс, која има ист однос на победи и порази како велешани.
Tweet |