Петар Печков
Објавено: четврток, 29 април 2021
Кошаркарите на КК Борец баскет се елиминирани од разигрувањето за пласман во првата лига. Тие загубија од екипата на КК Чаир 2030 во Скопје со 96:71. Ова беше втора победа за домаќинот, откако и двете кипи победија на домашен терен.
Чаирчани ја искористија предноста на домашниот терен, и во третиот решавачки натпревар го совладаа велешки Борец Баскет. И тоа убедливо со резултат 96:71.
Тие во полуфиналето ќе играат со екипата на КК Ангели а во Прва лига влегуваат две екипи.
КК Борец басект во разигрувањето влезе како четвртопласирана екипа во Втората лига Исток.
Tweet |