Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 октомври 2016
Спортскиот викенд зад нас донесе победа и пораз за велешките екипи во најквалитетната конкуренција. Футсал екипата на Велес славеше со убедливи 12:0 на гостувањето против Хедис. По три кола велешани се први со исто толку победи. Во следното коло, дома ја пречекуваат екипата ан Железарец, до вчерашниот сосав кој жареше и палеше во оваа конкуренција. Но по заминувањето на Скендеровски со играчите и тренерот, како и целокупниот капитал во КМФ Велес, првакот о освојувач на купот Железарец не е близу ланските квалитети. Средбата се игра в сабота
Ракометарите на Борец на гостувањето против Охрид се поразени со 27:24, полувреме 12:11. Ова беше тест за можностите на велешката екипа, со оглед на израмнетиот квалитет. Во првото полувреме тоа бил израмнет и неизвесен меч, додека почетокот на вториот бил силовит за домаќините кој создале разлика од седум гола во 40 минута 20:13 која успешно ја сочувале до крајот, а велешани единствено намалија на крајни минус три. Најефикасен играч на теренот беше ракометарот на Борец Ивица Илиев со 10 гола. По ова трето коло Борец е 8-ми со три бодови. Во следното коло ново искушение, гостување во Битола на новакот во лигата Еурофарм Работник, кој има две победи и еден пораз.
Tweet |