речник контакт

КМФ Кеги моби и КФМ Астибо од Штип се споија

Целта е се добие добар и врвен квалитет за да може екипата да биде да биде конкурентна во Првата футсал лига

Петар Печков

Заедничката одлука  на КМФ Кеги Моби од Велс и КМФ Астибо од Штип дека се спојуваат ја објавија двете управи. Велат дека е  исправна и во интерес на двата клуба, кои минатата сезона беа во Втората лига, велешкиот како второпласиран премина во Орва, додека штипјани беа шести.  

„Наредната сезона во Македонската Прва Футсал Лига ја украсивме и појачавме со добар заеднички договор со екипата на КМФ Астибо и ги соединивме двата играчки кадри на едно место со тоа што добивме добар и врвен квалитет за да можеме да бидеме конкурентни и навидум опасни наредната сезона во било кој поглед на натпреварите. Ние сите заедно со вас заслужуваме прволигашки, квалитетен и шампионски футсал во нашиот град“ - објавија од КМФ Кеги моби.
Промена на името, КМФ Кеги моби,  засега нема да има.
„Со одлука на УО на клубот одлучивме да направиме фузија со КМФ Кеги Моби од Велес и во наредната сезона ќе се натпреваруваме во Првата футсал лига на Македонија. Сметаме дека го одбравме вистинскиот пат за клубот и со заеднички сили и вложувања посебно во финансискиот и играчкиот дел ќе се обидеме во наредната сезона да бидеме конкуренција за високо ниво во лигата“ - соопштија од КМФ Астибо.

Натпреварите на домашен терен ќе се играат и во Велес и во Штип.  Првенството започнува овој викенд почнува на 23/24 септември. Во првото коло во Велес гостува екипата на КМФ Железарец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »