речник контакт

КМФ Кеги моби одигра нерешено во Кавадарци, во Првата футсал лига

ФК Локомотива од Градско ја зголемува бодовната разлика во Третата лига Југ, порази за ФК Превалец и за ФК Работник од Лозово

Петар Печков

Во 19-тото коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби одигра нерешено на гостувањето во Кавадарци со седмо пласираната екипа на КМФ Црна река 2:2, со гол постигнат од домаќините на десетина секунди пред крајот, со што  ја скратија радоста на помладиот велешки лигаш. Екипата на КМФ Велес не отпатува на гостувањето во Валандово кај екипата на КМФ Цико Проект.

По ова коло КМФ Велес е осми со 21 бод а КМФ Кеги Моби е деветти со 16 бода. Во следното 20-то коло, КМФ Кеги Моби игра дома против штипски КМФ Астибо кое според пласманот на табелата е соседско дерби ан две екипи кои се 9-та и 10-та на табелата  а КМФ Велес исто така дома игра со КМФ Црна река од Кавадарци.

Реми за лидерот на Третата лига Исток, за фудбалерите на ФК Локомотива од Градско, на гостувањето во соседството Марена, каде одигра со деветто пласираната екипа  без голови. Ова не влијаеше на бодовната разлика со второпласираната ФК Ново Црнилиште, кој загуби од Динамо во прилепско Мажучиште.  Локомотива по 23 кола е прва со 51 бод седум повеќе од второпласираната екипа. ФК Превалец  загуби во прилепско Кривогаштани со 2:3 од екипата на ФК Младост 1930.

Во следното коло ФК Локомотива од Градско е слободна, откако екипата на ФК Илинден од Башино село се откажа од натпреварувањето. ФК Превалец игра дома со ФК Динамо ос прилепско Мажучиште кој е деветто пласиран со 23 бода.

Во Третата лига Исток ФК Работник од Лозово дома загуби со 0:2 од петто пласираниот ФК Малеш од Берово. По ова 12-то коло, ФК Работник Џумајлија е 11-ти со  10 бода а во следното коло игра со ФК Карбинци кој е осми со 16 бода.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »