речник контакт

КМФ Кеги моби со амбиции за врвот на Првата футсал лига

Бројни засилувања на квалитетни футсал имиња во велешкиот прволигаш. Првенството започнува на 24 октомври

Петар Печков

KMФ Кеги моби најавува амбиции за највисок пласман. Претстојната футсал сезона 2025/26 клубот во друштвото на 10-те клуба на Првата лига, подготви екипа за врвот. Првенството започнува на 24 октомври.   

„Започнуваме со подготовки и со јасна цел пред нас – оваа година одиме до крај и се бориме за титулата! Тимот е подготвен, мотивацијата е на највисоко ниво, а атмосферата во екипата ветува големи нешта! Со нови засилувања и максимална посветеност, веруваме дека оваа сезона ќе биде посебна“- порачаа од клубот. 

КМФ Кеги моби ги  претстави и новите имиња во клубот, засилувањата. Иван Стојановски актуелен репрезентативен голман на Македонија во футсал, уште еден актуелен репрезентативец Стефан Димовски, се враќаат во матичниот клуб  велешаните Александар Михајлов,  Димче Андов и Петар Левков, двајца млади надежни футсал играчи од КМФ Овче Поле  Иван Наунов и Марио Панев. Верноста кон клубот ја продолжија Трајче Трајков, Ангелче Гаштев, Бобан Дукадиновски, Марјан Трпков, Филип Драскачев, Адил Адиловиќ, Стефан Михајлов, Кирил Ивановски.  Како и најмладите кои преминаа во првиот состав Александар Костов и Матеј Панов.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »