речник контакт

Каавадаречки ловџија поседувал месо од убиен срндак и нелегални примки

При претресот во викенд-куќата, лицето доброволно предало ловечка пушка „застава“ и ловечки патрони

Петар Печков

Полицијата  уапсила  кавадарчанец кај кого при претреси во викендичка биле пронајдени ловечка пушка, девет нелегални примки и 13 килограми месо од срндак. Деталите од соопштението на полицијата. 

„На 26 октомври  околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода Ј.П.(69 год) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд-куќа и помошни простории на место викано Васов Град, Кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд-куќата, лицето доброволно предало ловечка пушка ‘застава’, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги“, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против ловџијата ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

 фото МВР

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »