речник контакт

Кавадарчанец измамен од сограѓанин, за 72 илјади денари

Оштетениот бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен

Петар Печков

Средата попладне кавадарчанец пријавил дека е измамен од сограѓанин, за сума од 72 илјади денари. Полицијата со детали за измамата

„На 11.01.2023, среда, во 14.30 часот во Полициската станица во Кавадарци, 43-годишен жител од Кавадарци пријавил дека бил измамен од М.К.(42) од Кавадарци за сума од 72.000 денари. Според пријавеното, М.К. му побарал податоци од неговата лична карта и трансакциска сметка, со цел некој негов пријател да му пуштел пари, затоа што наводно имал блокирана сметка. Како што е пријавено, откако парите биле пуштени на сметката, оштетениот ги извадил и му ги дал на М.К., по што на 09.01.2023 бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен“ - информира Ристе Самарџиев, портпарол нa СВР Велес.

Од полицијата најавуваат дека работат на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »