Петар Печков
Објавено: петок, 30 јануари 2026
Кавадарчанец осомничен дека украл автомобил во Велес, во близина на Автобуската станица. Полицијата го открила а автомобилот е вратен на сопственикот. Деталите од велешката полиција.
„На 29.01.2026 полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со Џ.Д.(36 год) од Кавадарци, поради основано сомнение дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес извршил „тешка кражба“ во патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
По документирање на настанот против Џ.Д. полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
| Tweet |




