речник контакт

Кавадарчани копале песок на Вардар, иако им завршил договорот

Кривична пријава против Р.М. (59) од Кавадарци и ДГТПУ “Н и П Проект” ДООЕЛ Кавадарци , за кривично дело „незаконска експлоатација на минерални суровини“.

Петар Печков

СВР Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Р.М. (59) од Кавадарци и  ДГТПУ “Н и П Проект” ДООЕЛ Кавадарци , поради основи за сомнение дека сториле кривично дело „незаконска експлоатација на минерални суровини“.

Пријавените  делото го извршиле на 24.11.2012 година на тој начин што без да поседуваат дозвола за ископ на песок, чакал и камен од речното корито на реката „ Вардар„ во атарот на с. Ногаевци општина Градско, со работни машини сопственост на фирмата ДГТПУ “Н и П Проект” ДООЕЛ, вршеле ископ на песок иако знаеле дека договорот за ископот на песок заради регулација на речно корито со Водостопанство Тиквеш е раскинат на 20.07.2012 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »