Петар Печков
Објавено: недела, 28 мај 2023
Врвулица од народ на градскиот плоштад во Кавадарци. Голем интерес на кавадарчани но и од соседните населени места. кои дојдоа да ги видат изложените воени возила, кои учествуваат на воената вежба „Брз одговор 23“. Таа се одржува на полигонот Криволак од 22 мај до 2 јуни.
„Целта на вежбаа е да се покаже заедништвото, сојузништвото. Но пред се подготвеноста на армиите до земјите учеснички за совладување на било какви предизвици, кои може да се заканат во иднина“ - рече Славјанка Петровска, министерка за одбрана.
Земји учеснички на вежбата се САД. Македонија, Албанија, Црна гора и Косово, земја партнер. Копнените сили на САД за Европа и Африка како и припадниците на Националната гарда на Минесота, се дел од учесниците на вежбата.
„Фактот дека сме тука, несомнено ја покажува нашата поддршка и партнерството кое досега го имаме изградено. Овие 30 години партнерство треба да ве направат и вас горди“ - рече Анџела Агилер, амбасадорка на САД во Македонија.
Меѓу изложените возила беше и роботизираното т.н. „PROJECT ORIGIN“, кое е во пробна употреба и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии на Армијата на САД.
„Денес за Кавадарци е свечен ден, луѓето излегоа, дојдоа да видат. Армијата е дел до нас, бидејќи кога ние спиеме, тие не чуваат и се добредојдени“ - кажа Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци.
Кај присутните кои дојдоа да ги видат возилата, различни видувања. Постарите се потсетува на војничките денови, помладите се воодушевуваа и фотографираа со возилата создадени по нова технологија.
Tweet |