речник контакт

Кавадарчани се разјадоа за Фени, градоначалникот за Минстрој, вработените за ГСОЛ

Кој да го преземе комбинатот Фени

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Кавадарци и  членовите на Советот се разјадоа со вработените во комбинатот Фени.  Додека политичарите со поддршка на Бугарскиот Минстрој холдин АД Софија, вработените со поддршка за  мултинационалната компанија ГСОЛ грчко -израелска фирма.  По средбата одржана на 14 јуни со претставници на локална власт и Минстрој, градоначалникот Митко Јанчев  и Советот   на Општина Кавадарци во јавноста со  заклучоци со кои застануваат зад бугарската компанија.  

Минстрој нудат  100% намирување на побарувањата на доверителите,  инвестиции од 30 милиони евра во наредните години, отворање на рудникот Ржаново, со што би се отвориле нови 300 работни места во кавадаречко а општината од концесија годишно ќе добива 600 илјади евра и ќе плати данок на имот на Општината од 1,2 милиони евра. Минстрој е сериозна компанија која поседува 9 рудника, 7 во Бугарија и два во Македонија  со 4,5 илјади вработени - стои во писмениот документ  со кој се бара Минстрој да го добие Фени во стечај а кој документ  е доставен и до премиерот Зоран Заев а го доби и стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска. Таа го отфрли со објаснување дека судот е независен не е политички орган  а општината не е страна во предметот.  Овој документ ги иритираше вработените во комбинатот, кои незадоволството го искажаа преку нивниот претставник Душко Николовски. 

Не се согласуваме со ликвидација, затворање на комбинатот како што бара Минстрој, така да се реши стечајот.   Така ќе ја изгубиме работа а вработените одат во Бирото. Сега работиме нормално, производството се зголемува а просечната плата е 27 илјади иако памтиме во подобри времиња  и многу повеќе - рече Николовски.   Многу пожесток во настапот беше претседателот на Синдикатот за индустрија и енергетика Пеце  Ристевски.

Ова барање од градоначалникот на Кавадарци е срамно. Не знам кого застапува кога е против работниците. Самиот чин и постапка треба да се засрами и извини  пред вработените во Фени и нивните фамилии.   Проблемот на денешното рочиште беа неколку помали доверители, кои не ги продале нивните побарувања навремено и сега бараат начини  да се обесштетат во висина во која тие посакуваат и прават правни сопки - рече Ристевски.   

Од пред два месеци во стечај замина и фирмата Нова логистика, сестринска фирма на Фени,  преку која се вршеа транспортните услуги за комбинатот а која на сопствениците на камиони година и пол не им ги плаќала превозот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »