речник контакт

Кавадарчанка пријавила измама од лажен банкар

Таа на непознатото лице му дала во неколку наврати по 270 евра

Петар Печков

Жена од Кавадарци пријавила во полицијата дека е измамена од лице, кое  и се претставувало дека е банкар и дека може да и даде кредит со ниска камата. Повеќе детели од  информацијата на СВР Велес.

„На 22 јануари  во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарола на СВР Велес.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »