речник контакт

Кавани дошол на лов

Фудбалската ѕвезда вредна 65 милиони евра, била ловџија

Петар Печков

 Тридневниот продолжен празничен викенд, Велигден -1-ви мај,  Еди Кавани го мина престојувајќи во Хотелот Гарденија. Тој таму ноќеваше, но не сакаше да зборува што прави во Велес и Македонија.

Вешто бегајќи да даде одговор на овие прашања,  сепак по кратко време се дозна што барала големата фудбалска ѕвезда. Фудбалерот на Пари Сен Жермен бил ловџија. Тој овие слободни  денови ги мина на лов. За тоа сведочи и фотогрфијата објвена на неговиот твитер, каде се гледа езеро од кое тој е воодушевен.

Станува збор за Тиквешко, каде бил на лов, заедно со неговиот брат и двајца пријатели и организаторката Рада од  Бугарија.   Кавани кој е репрезентативец на  Уругвај ловел  животни кои ги  има на ова ловиште и не се автохтони.

Соговорник кој сакааше да остане анонимен а ловџија   додава дека Кавани за овој негов излет добро платил, оти освен што дошол со приватен авион, животните кои се ловеле биле скапи. Не може да каже што Кавани уловил и што однел во Париз како трофеј, но додава.   

Ако гужвата беше оти фудбалерот вреди 65 милиони евра, што тогаш да се каже оти на такви ловишта во Македонија доѓаат шеици од Арапските земји кои тежат по стотици милиони долари - вели согворникот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »