Петар Печков
Објавено: среда, 23 декември 2020
Мухамед Кадриов од денес е член на републичкиот парламент. Тој доаѓа од Горно Јаболчиште и во парламентот влезе од местото бр.11. откако Сашо Николов, од Изборна единица 3 стана градоначалник на Штип. Денес неговиот мандат беше верификуван со републичкото собрание. Во претходниот мандат пратеник, исто од листа на СДСМ од Горно Јаболчиште беше Агим Муртезани.
Во Советот на Општина Велес денес беше верификуван мандатот на советникот Емил Трчков, од листата на коалицијата на СДСМ. Тој беше на позицијата бр. 18 а доаѓа откако пред една седмица почина Ахмед Аљуш.
Tweet |