Петар Печков
Објавено: среда, 17 декември 2014
Богата понуда, за сечиј вкус и сечиј џеб нудат велешките угостители за пречекот на Новата 2015 година. Цените се од илјада до две илјади денари, забавата е со проверени музички имиња. Некој ќе слави на дочекот на 31-ви, други на 2-ри а трети на Божик, на 7-ми јануари.
Хотел Романтик за пречекот нуди забава со групата Соната и Катерина Брезева, по цена од 1.900 денари. Истата цена е и во хотел Гарденија, каде гостите ќе ги забавува Тринити бенд а менито е на шведска маса. На бродот Панини цената е 1.600 денари и музика од Тренд бенд.
Во ресторан Глориус цената е 1.450 а гостите ќе ги забавува Коктел бенд. Во таверна Деспина Новата 2015-та ќе се дочека со музиката на Нота бенд цената е 1.350, додека во Националниот ресторан Илинден 903 за 1.250 ден. а пречекот ќе биде со Блажо Богев.
Во хотел Монтенегро гостите ќе ги забавува група Стакато а цената на менито е 1190 денари. Во Розе сала Новата година ќе се дочека со музика на група Виртус по цена од 1.150 денари. Пречек има и во Мотел ресторан Џумајлија, каде гостите ги забавува група медиум а цената е 900 денари. На мотелот на Велешко цената е 950 денари а музиката е со група Слатка тајна.
Таму втората вечер цената на менито е 350 денари. Истата вечер во Розе сала ќе пее Марјан Коцев а цената на билетот со комплетно мени е 750 денари. На 2-ри забава има и во во Националниот ресторан Илинден 903 каде влезот е слободен а гостите ќе ги забавува Трио гранде.
На Божик на 7-ми јануари во ресторан Глориус настапува Саша Матиќ со неговиот бенд а цената на менито е 1.500 денари. За Православна Нова година на 13 јануари дочек има во хотел Монтенегро. Пречек има и во ноќните клубови Импак каде настапува Браво бенд а цената е 400 и 500 денари додека во Авангард настапува Џони лајв со цена од 800 до илјада денари.
Tweet |