речник контакт

Каде да бидат поставени спомен бистите, борците се попишманија

Алејата на великаните внесе раздор и меѓу борците

Петар Печков

Каде да се постават спомен бистите на паднатите борци од НОБ? Оваа дилема иако советниците на псоледната седнциа ја разрешија со изгласување на одлука таа да биде на Спомен Костурнцита, а по барање на Сојузот на Борците, истата доби нов тек.  Вчера на партиска конференција ОО на СДСМ од Велес го  обелодени писмото кое наследниците на борците од НОБ го напишале во понеделникот и тогаш го доставиле до админситрациајта на локалната власт во Велес.

Во него тие се пишманат од првичната идеја бистите  да бидат на долениот дел од скалите кои водат кон Спомен Костурницата. Како нова локација го посочуват Младинскиот парк  или на  местата каде биле пред да се отстранат. Причинта за овој нов нивен став се ,,големите реакции од граѓаните на Велес и фамилиите на загинатите борци,,.

Поради ова ад хок формирана комисија во состав Саздо Кицевски, Јован Ивановски, Никола Стојанов и Панче Николовски даваат нов предлог. Претходно во мај, за  потсетување Извршниот одбор на Сојузот на Борците на Велес едногласно решил и писмено доставил одлука со која бара бистите да се постават на Спомен Костуницата. Истата беше потврдена на 10-ти октомври од страна на првиот човек на борците од Велес Саздо Кицевски.   ТРМР побара изјави од инволвираните во овој случај кои го кажаа следното.

Не сакам политиката да се вклучи во овој случај. Мојата намера беше сите борци, чии бисти ги снема  и почнаа да   се уништуваат од 1989-тата да бидат достојно зачувани, како што доликува за нивното дело. Оставам Советот да реши каде ќе бидат поставени, но нека бидат спомен за идните геенрации. Во нив треба да бидат вклучени и бистите на Нонча Камишова која сега е во дворот на некогашна Свилара а новата фабрика нема врска со нејзиното име. Исто така и со споменикот на Всил Антевски Дрен од истоимената железничка  станица, која ја гледаат само малкуте патници – изјави Саздо Кицевски претседател на Сојузот на Борците од Велес.

Доктор Никола Стојанов иако не е член на Сојузот на Борците на Велес е меѓу потписниците на комисијата, која од пред некој ден бара спомен бистите да се постават во Младински парк, не на Спомен Костурницата.

Се што сакавме да кажеме е пишано во документот. Крајното решение сепак го донесуваат членовите на Советот. Добро би било ако постапат по нашата реакција, која е резултат на реакциите на граѓантите и семејствата на паданатите борци – изјави д-р Стојанов. И тој и Кицевски не сакаа да одговорат зошто со ова писмо тие не излегоа во јавноста, туку нивниот нов став го соопштија од СДСМ  – Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »