речник контакт

Каде да се лоцира регионалната депонија за Вардарскиот регион

Стручњаците препорачаа во Росоман, а во Велес да има трансфер станциа

Петар Печков

 Каде да се лоцира регионална депонија за Вардарски регион беше задачата на проектот кој го работеше австриска консултантска фирма АСА. Изминатите шест месеци таа го анализираше регионот од центарот на Македонија, кој опфаќа 150 илјади жители.

По споредбата и анализата на техничките и економските параметри и можности, агенцијата посочила четири локации. Изработената студија за цврст отпад за Вардарски регион беше претставена пред локалните власти на деветте општини. Физибилити студијата е финансирана од Австриската национална банка со 125 илјади евра.

По првичните пред селекции има четири можно локации. Сите тие можат да бидат погодни за изградба на депонија. Тие се постојната во Велес, во Лозово, во Криволак- Неготино и во Росоман. Во вреднувањето, најпогодна се покажува локацијата во Росоман. Таа е во средината на регионот, геолошките и хидро условите се добри, има доволно простор и сега е постојна депонија а нема големо количество одложен смет. Во Велес е потребна трансфер станица со капацитет од 20  тони, каде ќе се собира отпадот од Свети Николе, Лозово и Чашка и потоа ќе се транспортира во Росоман, додека останатите општини Неготино, Кавадарци, Градско, Демир Капија директно ѓубрето ќе го носат во Росоман – изјави Сабина Кидс од АСА консултантска агенција од Австрија.

Тие  на собирање отпад  работат во Србија, Романија, Бугарија, Унгарија, Поска, Австрија, Чешка, Словачка, Литванија. Инвестицијата за оваа депонија е 4 милиони евра и таа може да ги задоволи потребите  на регионот за следните 50 години, да собере 40 илјади тони смет годишно, одлагањето да  биде 35 евра по тон, за собирање, третман и транспотирање на отпад.  Истата  има површина од 20 хектари, но треба да биде оградена и да има систем за прибирање на течен отпад.

Со анализата  е предвидено на овој начин да се вработат десетина луѓе од општина Росоман, локалната власт ќе добива дел од концесијата, со градежните работи ќе се ангажира дополнителен број работници. Странските стручњаци укажуваат на расчекорот меѓу економската моќ на јавните комунални претпријатија кои го собираат сметот и обврската на третманот на отпадот.

ЈКП кои работат со отпадот имаат застарена опрема, не можат да инвестираат, постојните депонии се повеќе ѓубришта и се нелегални и тие треба да бидат опремени со нови камиони и контејнери. Системот на собирање отпад функционира во градските средини додека во селските не. За илустрација само во 11 отсто од селското население во овој регион има услуга за собирање отпад.  Годишно се собираат 42 илјади  тони отпад. Има осум постојни депонии и  13 возила за смет и граѓаните  плаќаат 100 денари за одлагање смет што е многу ниско споредбено со другите региони во Македонија, или во Србија, каде се плаќа по 4 евра од семејство. Кај вас се плаќа само за собирање отпад, а не одлагање и транспортирање. Процентот на наплата е низок и потребно е брзо решение – вели Сабина Кидс.

Стручњаците препорачуваат јавно-приватно партнерство при изградбата на депонијата, со некој искусен концесионер заради полесно работење. Потребни се исти возила за сите општини, за полесна работа.  Како илустрација посочија дека Велес има две возила за собирање смет,  а му требаат осум, од кои дел треба да бидат со помала запремнина, за стрмните и тесни улички од високите делови на градот.

Презентиран е модерен систем на управување со отпадот во согласност со европските директиви и стандарди. Натамошните чекори се во надлежност на Советот на градоначалници на Вардарскиот плански регион и тие ќе донесат одлука каде и како тој ќе работи дали со јавно-приватно партнерство, концесионерство, или од  ИПА фондови, проектот е солидна основа.

Експертите од Австрија и Чешка кои беа вклучени во изработката на студијата, ја дефинираат потенцијална локација, да биде изработена на економско ниво, да биде самоодржлива и каде  таа да се  лоцира.  Мораме да се избориме ова депонија да профункционира  заради нашите граѓани, заради нас да имаме почиста околина – изјави  Александар Бузалков раководител на Вардарски плански регион.

Депонијата која ги има следните пет карактеристики е депонија, се друго е ѓубриште:

- непропустлива подлога по доното и страните                         - систем на собирање и филтрирање на протечните води од   депонијата бидјеќи науката тврди дека тие се најпознати отровни води                                                                                 - систем на собирање на депониските гасови поради опасност од самозапалување                                                       - спречување на соседнтеи протечни води да минат низ депонијата                                                                                    - оградување на депониајта и забрана за пристап на луѓе во неа  

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »