Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 март 2012
Алиловски исчезнал кон крајот на мај 2011 од село Бузалково, излегол од дома и тргнал во непознат правец. Досега не е вратен дома, велат неговите блиски.Тој е татко на две малолетни деца. Месното население, со неговите блиски и роднини, само се организирало да го пронајде во околината на селото по шумата и околните ридови.
Од страна на СВР Велес во повеќе наврати организирани се повеќе патроли во правецот каде можел да се движи. Пребарана е пошироката околина на Бузалково и блиските села. Во еден дел од блиските ридови пронајден е дури дел од неговата облека. За жал исчезнатото лице досега не е пронајдено. Беа преземени мерки, повеќе пати се излегуваше во подолг период на терен, кои досега не вродија со резултат, велат од СВР Велес.
Tweet |