Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2013
Традицијата на заеднички пречек на Новата година во Велес, овој пат е прекината. Локалната власт реши да нема организиран дочек на отворено оти пејачите барале високи хонорари кои достигнувале до 10 илјади евра.
Затоа пак угостителите понудија многу избор за различни генерации и вкусови. За помладите во ноќниот клуб Импакт за дочекот гостите ќе ги забавуваат MARKO & LOGOUT BAND, DJ SASHA WAКS, DJ PETRUSH, цената е 800 денари со шведска маса и два пијалоци.
Во хотелот Романтик за 1.900 денари заедно со групата Соната и Катерина Брезева ќе се дочекува новата 2014 година. На мотелот на Велешко езеро цената е 1.100 а гостите ги забавува група Виртус.
Единствениот брод хотел во земјава ,,Панини,, за пречек на највеселата ноќ нуди услуга од 1.600 денари и Бендот Тренд, додека на мотелот на Рибник Нежилово цената е 1.800 заедно со ноќевање. Во Розе сала каде гостите ги забавува група Негрос дочекот е 1.400 денари. Дочекот во Таверна Деспина чини 1.300 додека во меаната 903-та е 1.150 денари.
Во Шкорпион е 1.200 денари, Кај Даце 900, Кај Димче 1.000, Скара Хајдук е 850 денари. Познато е дена на 2-ри јануари на Мотелот на Велешко езеро има забава која чини 450 денари а гостите ќе ги забавува Ирена Спасовска, а во Розе салата менито за втората вечер е 750 денари повторно со група Негрос.
Tweet |