Петар Печков
Објавено: петок, 04 ноември 2016
Советот на Општина Велес едногласно одлучи кои се добитниците за наградите Денот на Општината 9-ти Ноември. За животно дело ,,Гемиџии,, наградата ја поделија примариус д-р Ангел Мајсторов и академик сликарот Фехим Хусковиќ.
Наградите 9-ти Ноември ги добија: Спомен плакета за: Маркард, министерот без ресор Џери Наумов, д-р Милчо Трајков, д-р Тања Анѓушева од Болницата Филип Втори Скопје,
благодарница: Народен музеј, Дијана Иванова –новинар, Моника и Илија Стојчевски –архитекти,
и пофалница за: Љупчо Ѓоргиев планинар, актерката Слободанка Чичевска, Камелија Дукова, Младински црковен хор Св. Кирил и Методиј,, .
Признанието за најстудент ,,Ѓорги Шоптрајанов,, го доби Надица Шкрекова која студира на Медицинскиот факултет при УКИМ Скопје, која има просек 9,92.
Tweet |