речник контакт

Каде минува трасата на брзата пруга низ Велес

Понудени се три решенија

Петар Печков

Неодамна се одржа јавната расправа  за студијата за влијанието на изградбата на брзата пруга. Таа беше организирана од Министерството за животна средина, што е дел од постапката, пред Министерството за транспорт и врски ја усвои.  Тоа што е значајно за велешана, е каде ќе мине трасата на брзата пруга низ Велес. За прв пат беше јавно објавено на оваа расправа.
 
Проектантот ги презентираше  трите решенија. 

Постојното, низ град со што што ќе треба да се изврши надоградба на инфраструктурата бидејќи треба да има голема брзина низ урбана средина.

Тунелско кое опфаќа тунел од железничка до излезот од Велес.

Обиколница која опфаќа исклучување од влезот во Железничка Велес, зад Вршник и се приклучува кај вливот на Бабуна во Вардар.

Јавната расправа се одржа среде лето, со мало присуство на јавноста. Исто така летово  се одржа и  седница на планска програма за Генерален урбанистички план на град Велес, како и  промена на ДУП-от на локација каде треба да биде маркетот на ЛИДЛ, на местото од поранешен Жито Вардар.

видео како 7 минути се чекаше да мине воз низ Велес, кој не мина а колоната возила на 40 степени чекаше да се кренат рампите   

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »