Петар Печков
Објавено: четврток, 05 септември 2013
Неколкумина затвореници од затворот Идризово, кој вчера чекаа судење во Основен суд Велес, повеќе часови ги минаа во ова превеозно средство. Заради рационално користење на превозот, повеќемина затвореници кој имаа судење во велешкиот суд беа доведени во 9,30 часот.
И на кого му доаѓаше редот, беше носен во судница. Последниот предмет заврши во 15,30 часот, коа затворениците беа вратени. Така некои осуденици во комбето минаа и по пет часа на температура од 30 степени. Ова предизвика реакции на дел од нивните адвокати.
Не е во ред да бидат оставени во комбето и да чeкаат да бидат однесени на судење. На така жешко време во комбето е уште потопло. Тие веќе се казнети со затвор, и да имаат дополнителна казна, да чекаат во мал затворен простор на жешко време по пет часа. Во судот има притвореничка просторија, можеа таму да бидат преместени а не вака на улица – вели еден од нивните адвокати.
Tweet |