речник контакт

Казни за 16 возачи кои не ги пропуштиле пешаците на пешачки

Акцијата на сообраќајната полиција е спроведена четвртокот попладне, при што биле изречени и казни задруги видови сообраќајни прекршоци

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, сообраќајната полиција, спровела засилена акциска контрола на сообраќајниците во Велес,  за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи.

„Полициски службеници на СВР Велес , на 27 јануари, четврток, од 14 до 17 часот, презеле вкупно 16 мерки против возачи кои не им дале предност, односно првенство на пешаците. Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци“- соопштија од МВР.

Од СВР Велес најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »