Никола Солев
Објавено: сабота, 21 јануари 2006
Даниела ТрпЧевска Крава која предизвикала сообраќајна несреќа во центарот на Куманово неодамна е \"осудена\" на казна од 6.000 денари. Газдата, пак, на ротфајлер, кој во Прилеп нападнал деца на соседот и им нанел тешки повреди, заработи условна казна. Сопствениците на крави и бикови што не водат грижа за домашните животни во урбаните средини, поради што тие предизвикуваат сообраќаен метеж и незгоди, може да заработат парична казна од 4.000 до 12.000 денари. Доколку покрај материјалната штета, добитокот кој не бил под надзор на газдата, предизвика и потешки сообраќајни незгоди во кои има повредени или жртви, сопственикот би можел да заврши и во затвор. Ова се само дел од бројните случки за кои се поднесени прекршочни пријави до судовите во земјава. По случен избор ги пренесуваме искуствата на кумановскиот, прилепскиот и гостиварскиот суд. \"Кравата доколку неправилно се води низ град, или му е препуштена на малолетно дете што не може да ја контролира, газдата може да си заработи казна до 5.000 денари\", велат во кумановскиот суд. Иако максималната казна изнесува двојно повеќе, од судот велат дека ретко се одлучуваат да ја изречат највисоката казна, освен во случаи кога ќе бидат предизвикани големи штети или повреди предизвикани од страна на добитокот. Казните, како што велат во кумановскиот суд, најчесто се наплаќаат без проблем, иако има случаи и на присилно наплаќање. Ако биковите прободат некој од минувачите или, пак, кравите шетаат сред улица, предизв?кувајќи мешаница во сообраќајот, цехот ќе си го плати газдата кој ги испуштил од контрола. Кога добитокот ќе направи некој прекршок, а е воден од малолетно дете, казната ја плаќа неговиот родител. Казни во износ од 4.000 до 12.000 денари им следуваат и на сопствениците на кучиња, чии домашни миленичиња се агресивни и напаѓаат минувачи. При каснување на куче, доколку биде пронајден неговиот сопственик, при помала повреда на жртвата ќе треба да плати надомест во износ од четири до осум илјади денари. Иако на прв поглед се чинат смешни, ваквите прекршоци понекогаш се многу комплексни, укажуваат во судовите. Па не ретко се случува место во прекршочниот оддел, да завршат како кривични предмети во судовите, кога добитокот ќе предизвика сообраќајни несреќи со тешки последици или жртви, или кога одврзано куче ќе нападне некоја жртва и ќе нанесе тешки повреди и трауми поради претрпен страв. Ваквите случаи неретко завршуваат или со високи парични казни, но и со казни затвор во траење од една или две години. Судијата во Основниот суд во Прилеп, Кирил Мирчевски, вели дека вакви примери се забележуваат, пред сў, во руралните средини, но дека водат сметка при изрекувањето на паричните казни, оти станува збор за посиромашни средини, кои тешко можат да ги платат казните. Па затоа и често се случува газдите на добитокот или кучињата, за прекршоците на своите миленичиња, место да платат, да се одлучат да одлежат неколку вечери во затвор. \"Водиме сметка за тоа дека станува за посиромашни средини, па ако нема последица кај оштетениот, случаите ги решаваме и со опомена\", велат во прилепскиот суд. Доколку е предизвикан помал прекршок со помало оштетување или гребеници кај луѓето, најчесто се изрекуваат казни во износ од 2.00 до 3.000 денари. При гризнување на куче, доколку се најде неговиот сопственик ќе треба на жртвата да Ј плати отштета од четири - пет илјади денари, во зависност од последиците. Во овој суд се водени и кривични предмети во кои главната улога на обвинети ја имаат токму домашните миленичиња. Судијата Мирчевски се присетува на еден случај кога ротфајлер го откинал синџирот на кој бил врзан и ги нападнал децата на соседите, кои си играле во соседниот двор. \"Овој напад се случил сосема неочекувано, затоа што кучето добило впечаток дека при детската игра е нападнат некој од неговите стопани, по што се откинал од синџирот, сакајќи да ги одбрани\", вели судијата, наведувајќи дека оваа случка завршила со тешки последици за децата што биле повредени. Сопственикот куртулил само со условна казна, поради спогодба со соседите. Инаку, укажуваат судиите, при предизвикување на вакви повреди, најчесто се изрекува казна затвор, од една или две години. Во Гостиварскиот суд велат дека досега имале само мал број вакви прекршочни предмети. Најчесто станува збор за случаи во кои кучиња предизвикале сообраќајни несреќи на магистралниот пат Гостивар - Тетово, а крави во улога на \"прекршители на законот\", речиси и да нема. Меѓутоа, проблемот е што никогаш не може да се утврди сопственикот на таквите кучиња, кои излетувајќи на патот предизвикале судир или излегување на возилата од патот. \"Но, поради тоа што не може да се најде сопственикот на кучињата-престапници, постапката се запира\", велат во судот во Гостивар. Извор: [url=rss.utrinski.com.mk/default.aspx?pbroj=1985&stID=60740&pR=3]http://rss.utrinski.com.mk/default.aspx?pbroj=1985&stID=60740&pR=3[/url]
Tweet |