Петар Печков
Објавено: сабота, 20 октомври 2012
УЕФА беше повикана да преземе жестоки мерки против Србија поради расистички навреди против Англија, кои беа предизвикани на натпреварот во вторникот во Крушевац, за играчи под 21 година.
Европското фудбалско тело беше критикувано затоа што во минатото не успеа доволно жестоко да го казни расистичкото однесување, истовремено додека се занимаваше жестоко со други прашања.
Во октомври 2002, Словачката фудбалска асоцијација беше казнета со 18.000 фунти заради расизам. Ешли Кол и Емил Хески настрадаа од навреди од словачките фудбалки фанови, за време на квалификациите за Европското првенство во 2004, што доведе до тоа словачкиот амбасадот формално да и се извини од име на фудбалската асоцијација. „Беше застрашувачки кога целиот стадион вика по вас и прави такви гестови“, рече Хески.
Во септември 2003, македонската фудбалска федерација беше казнета со 16.500 фунти поради разизам. Кол, Хески и Сол Кембел беа меѓу англиските играчи кои беа расно навредувани од македонските фанови, за време на нивните квалификации во Скопје. Коментаторот Алан Грин се понуди да идентификува некои од насилниците додека известуваше за мечот на Рејдио фајв лајф.
Во јуни 2007, српската фудбалска асоцијација беше казнета со 16.500 фунти поради расизам. Англискиот младински тим играше против нивните српски врсници на стадионот Гоферт, во Нијмеиген, Холандија, на Европскиот шампионат за млади, кога службените лица беа присилени да направат несекојдневна најава, да им кажат на навивачите да престанат да навредуваат.
Во јуни 2008, Хрватската фудбалска федерација беше казнета со 10.000 фунти заради расизам. Хрватската ФФ беше казнета откако нејзини фанови беа прогласени за виновни за расистичко однесување во четвртфиналето за Еуро 2008, на натпреварот со Турција. Хрватските фанови беа прогласени за виновни поради „истакнување на расистички транспарент и искажување на расистичко однесување“.
Во септември 2011, Бугарската фудбалска федерација беше казнета со 34.230 фунти поради расизам. Бугарија тогаш ја предводеше Лотар Матеус, кој се извини поради однесувањето на мала група негови навивачи кои упатуваа навредливи песни против Ешли Јанг, Кол и Тео Валкот, за време на второто полувреме на квалификациите за ЕУРО 2012 во Софија.
Во април 2012, Порто беше казнет со 16.700 фунти поради расизам. Шест недели откако напаѓаот на Манчестер јунајтед, Марио Балотели, беше цел на навредливи песни од страна на португалските фанови за време на напреварот на Евролигата во февруари, УЕФА конечно се осмели да го казни Порто.
Во јуни 2012, Русија и Шпанија заедно беа казнети со вкупно 40.335 фунти поради расизам. Дисциплинската комисија на УЕФА одлучи дека двете земји поединечно се „виновни за непристојно однесување на нивните фанови“. Русија беше казнета со 24.203 фунти, а Шпанија со 16.137 фунти. Руските фанови се потсмеваа на чешкиот одбранбен играч Теодор Гебре Селасие за време на Еуро 2012, а шпанските навивачи се нафрлија да го навредуваат напаѓаот на Италија, Балотели.
ЗА СПОРЕДБА, ЕВЕ НЕКОЛКУ ДРУГИ ИЗРЕЧЕНИ КАЗНИ ОД УЕФА ЗА ДРУГИ ПРАШАЊА...
Во јуни 2009, Челзи беше казнет со 85.000 фунти затоа што не успеа да ги контролира играчите и навивачите. По контроверзната елиминација на Челзи од Лигата на шампиони од Барселона во полуфиналето, Дидие Дрогба, Мајкл Балак и други играчи се спречкаа со норвешкиот судија Том Оведо откако не пресуди пенал за Челзи и покрај многуте убедувања. И навивачите фрлаа предмети за време на натпреварот.
Во април 2011, Ренџерс беше казнет со 35.652 фунти поради секташки песни. И забеганите навивачи на Ренџерс беа казнети со неприсуство на следните европски квалификации, затоа што пееја секташки песни на натпреварот за Евролигата против ПСВ Ајндховен.
Во март 2012, Арсенал беше казнет со 33.000 фунти поради спротивставување на судијата на мечот. На Арсен Венген му беше изречена суспензија од три натпревари и беше казнет со 40,000 евра, заради непристојно однесување. Оваа пресуда доаѓа откако тој му се спротивстави на судијата на мечот, Дамир Скомина, откако тој беше пристрасен кон АЦ Милан за време на натпревар во Лигата на шампини.
Во април 2012, Манчестер Сити беше казнет со 24.740 фунти заради одложување на почетокот на второто полувреме. Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Сити за нивното доцнење на наппреварот против Спортинг Лисабон, на стадионот Хозе Алваладе, во Лигата на Европа. Сити доцна излегоа на полувремето и беа казнети со 8.000 повеќе од Порто, поради гласното исмевачко пеење кон Марио Балотели на почетокот на натпреварувањата.
Во јуни 2012, Русија беше казнета со 24.300 фунти поради лоша организација. УЕФА ја изрече оваа казна заради „фрлањето на огнени материјали од страна на руските навивачи, истакнување на навредливи транспаренти, и излегувањето на терен на навивач, на мечот на Еуро 2012 против Полска во Варшава“. Проблемот кој надвисна над мечот во Варшава започна кога руските навивачи истакнаа огромен транспарент на кој пипуваше „Ова е Русија“. Руската федерација исто така беше казнета со 96.761 фунти, откако руските фанови се судрија со полицијата и службени лица за време и по нивниот натпревар со Чешката република, на отварањето на Еуро 2012.
Во јуни 2012, Никлас Бендтнер беше казнет со 80.000 фунти поради неовластено спонзорирање. Напаѓачот на Данска исто доби и забрана на играње на еден меч, и беше казнет заради непримерно однесување откако го покажа логото на обложувалницата на маица под неговиот дрес додека го славеше голот против Португалија во групните натпревари на Еуро 2012.
текстот е преземен од Телеграф - Лондон
Tweet |