речник контакт

Како да одберете зрела и блага лубеница

Неколку совети за ова летно задоволство

Петар Печков

Лубеницата исечена на половина која е изложена врз купот со лубеници никогаш не ја земајте како единствено мерило при купување на лубеница.

Имено, неупатеноста во основните карактеристики на свежите и зрели лубеници неретко завршува со разочарување откога ќе ја однесеме дома и ќе ја пробаме. Следните неколку правила лесно ќе ви помогнат меѓу купот од лубеници да ја пронајдете онаа со зрела и сочна содржина.

1. Шарите на лубеницата ја оддаваат нејзината старост, па затоа секогаш бирајте ја онаа со посветли шари бидејќи тие лубеници се позрели, а со самото тоа и поблаги и посочни. Покрај тоа, страната на која лубеницата лежела на земја треба да има добиено жолтеникава боја, додека белата или светлозелената се знак на недоволно зрел плод.

2. Обрнете внимание на тежината на лубеницата. Доколку за нејзината големина е неочекувано лесна, тоа значи дека нејзината содржина е сува и нема доволно сок.

3. Доколку лубеницата има рачка, истата би можела да ви биде мерило за свежината. Имено, завиена рачка е знак на зрела и свежа содржина.

4. Звукот на сочната лубеница треба да потсетува на оној на ѕвоно. Доколку кога ќе ја чукнете таа дава тап звук, не ја купувајте.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »