речник контакт

Како да се видат новите македонски филмови, кога кино немаме

Ќе ги видат ли велешани новите македонски филмски остварување ,,Мајки,, и ,,Војната заврши,,

Петар Печков

 Ќе ги видат ли велешани новите македонски филмски остварување ,,Мајки,, и ,,Војната  заврши,, кои се прикажуваат во Скопје и таму каде што има услови. Од општина Велес велат дека до нив досега не стигнало барање за користење на големата сала за прикажување на некој филм, како што беше случајот пред три години со ,,Јас сум од Титов Велес,, и ,,Сенки,, кои со помош на видео техника  беа понудени на публиката.

Мајки ќе ја продолжи културната турнеја низ Македонија и без поддршка од Филмскиот фонд или Министерството за култура и покрај тоа што кино мрежата во државата е сведена на само три редовни кина.  Најголем дел од кината во земјава се затворени. Откривме дека кинопроекторите во поголем дел во републикава се толку многу застарени што не може да поддржат копии од понови филмови, затоа што не може да прикажуваат „цијан“ копии кои се стандард во индустријата последниве четириесетина години.  Ова е голем проблем со кој ќе се соочуваат сите автори кои понатаму ќе сакаат да си ги прикажуваат филмовите во кината низ Македонија - изјавија од „Манакифилм“, кој е дистрибутер на филмот ,,Мајки,, .

За новите македонски филмови  има интерес во сите градови но проблем е тоа што во многу од нив кината или се затворени или имаат нефункционална опрема. И покрај проблемите во татковината, „Мајки“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Торонто, беше прикажан на фестивалот во Сао Паоло.  Најголемото претставување ќе биде на претстојниот фестивал во Берлин, а четвртиот филм на Манчевски  е македонски кандидат за оскар.

Убаво е да се сними филм, ама без да има каде да го прикажеш, тоа ти е како да правиш супа во дупнато тенџере – изјави режисерот Манчевски за овој проблем.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »