речник контакт

Како да се мотивираат граѓаните да даруваат крв, лани во Македонија имало собрано 8,5 отсто повеќе од планинарите единици

Крв најчесто даруваат вработените во јавни или државни фирми, додека во прватниот сектор одѕивот е низок

Петар Печков

Како да се зголеми бројот на собрани крвни единици, но и на бројот на крводарители во Македонија, посебно во приватнтие компании. Во државните, јавните фирми, висок е одѕивот  на дарителите, додека во приватните тој е слаб.

И затоа треба да се работи на подигање на свеста за општествена одговорност, оти потребата за крвни единици е за сите, таа не прави разлика кога ќе трреба да се даде, кому е потребна.  За ова се разговараше на Форумот за крводарителство „Нови концепти за мотивирање при доброволното крводарување“ одржан во Велес.

„Се разгледуваше  актуелната состојба со крводарителството во државата, покриеноста со крвни единици, а  посебно беше потенцирано повеќе да се вклучи приватниот сектор како и  да се истакне општествената одговорно на компаниите. Се донесоа заклучоци кои треба да служат за  зголемување на мотивираноста за доброволно крводарување“- кажа Орце Николов, секретар  на ОО на Црвен Крст Велес.

Учесници на Форумот биле крводарители,  раководството и вработени во Црвениот крст, претставници на Министерството за здравство и на Институтот за трансфузиона медицина, мотиватори од локалните средини. Форумот беше организиран по повод 14 јуни, светскиот ден за крводарителството.  

Минатата година во Македонија биле  собрани 8,5 осто  крвни единици повеќе  од планираните, или тоа се  59.688 единици крв.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »