речник контакт

Како да се пренесат починатите до дел до гробиштата од Св. Пантелејмон

За да не минат при погреб преку гробови, се користи дел од улицата Св. Кирил и Методиј која е неуредена и лоша

Петар Печков

Дел од уличката  Св. Кирил  и Методиј, кој води за дел од гробните места кон црквата Св. Пантелејмон итно и  е потребна реконструкција.   Ова го велат  малкуте  станари кои живеат тука, но затоа се сведоци на многу несекојдневни и непријатни случки при погребот на починатите.   

По оваа споредна уличка се носат починатите за дел од гробиштата. Бидејќи тие се во  долниот дел и  тешко достапни за погреб, не можат да се пренесат до гробните места, се користи оваа улица. За да не ги носат преку други гробови, минат оттука.  Ама како минат, едвај. Просторот е тесен, стрмен, неуреден,  лош, не може  човек да мине а не четворица со сандак.  Само се води како улица а нема  ништо. Четири години реагирам, улицата да се уреди  резултат нема  – вели станарка која живее на оваа улица.     

Делот од ул. Св. Кирил и Методиј од бр. 67   започнува од чешмиче кај Мал Мегдан  и продолжува до куќата на Касапови,до спојот  со  улица Максим Горки,  и е во должина до 100-тина метри.   Поради конфигурацијата на теренот, таа е единствената можност  да се погребе починатиот а да не се мине преку други гробови.  На неодамнешна средба  со граѓаните од тамошната Урбана заедница, градоначалникот бил запознае со овој сериозен  проблем. 

Оваа улица неодамна ја дознавме  како   проблем и не е влезена за годинашната работа на Советот. Ако останат средства од реконструкциите кои се работата според планот за наредниот  период, таму некаде крајот на октомври би можеле  да ја изградиме. Не е голем трошок, треба да се направи  -  рече градоначалникот Славчо Чадиев. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »