речник контакт

Како да се стигне до Скопје по празник кога место нема ни во воз ни во автобус

Како велешани да сигнат до Скопје на крајот од празничен викенд, кога и возовите и автобвусите се полни. Оваа слика се повторува со години

Петар Печков

Повеќе стотини патници од Богомила до Велес во вторник на крајто од продолжениот празничен викенд  останаа на железничките станици долж пругата откако немаше место за нив  во пладневниот воз кој сообраќа на линијата Битола- Скопје.  Гужви, нервози,закани, пцости била сликата  која се повторувала секаде на оваа релација. Патниците виновникот го посочуваат во МЖ која немала слух да пушти доволно коли за да има место за сите. Потсетуваат дека  за регионот на Азот, Богомила, Чашка единствена врска со светот им е возот, бидејќи немаат автобуска линија.

Уште од Прилеп возот кој доаѓа во Богомила во 14,20 часот беше полн,  немаше место  ни пиле да влезе. Ако ви се верува сликата беше иста како онаа од Индија, уште фалеше патниците да седат по кровот за да патуваат.  Бевме како сардини стиснати толку беше лошо.  Наместо воз со локомотива пуштиле ,,шпанец,,. Каде ќе собере толку патници кога цел  регион на Азот шест дена беше преполн. И сите дојдоа со воз. Овие од  железница си играат со нас. Така е на секој празник, се повторува истата слика. Иако знаат дека има многу патници, тие пуштаат моторна композиција.  Од жештината и преполниот вагон, немаше воздух  внатре, на постар патник му се слоши во Богомила. Не можевме да го изнесеме  од вагонот, толку што беше гужва. И тој и сопругата останаа на железничката, возот замина – велат патниците кои патувале на оваа релација. 

Тој иако потоа застанувал на бројните попатни станици, цели семејства со деца, старци, планинари, гости, останале бидејќи физички не биле во можност да влезат во возот. Со задоцнување од 60-тина минути некако дотуркал до Скопје.  Вечерниот воз пак од Битола до Скопје, кој имал седум вагони ги примил сите патници но тој доцнел 100 минути, поради технички причини. Заради надминување на состојбата и ублажување на револтот на патниците ЈП МЖ пуштила вонреден патнички воз.

Тој тргнал два часа подоцна по редовниот и возел на линијата Богомила – Скопје. Според надлежните од железница  на станиците останале најмногу до 80-тина патници, кој на овој начин биле згрижени. Истовремено велешани мака мачеа да стигнат до Скопје. Во вторникот попладне, кога  заврши продолжениот  двоен празничен викенд, освен што возовите доцнеа или немаа место, некој  се обиделе да отпатуваат со автобус. Но и таму на станицата имало проблеми, немало слободни места. Или автобусите воопшто не влегувале во Велес или имале само по две три.

Срамота е ова што се случува, Велес да нема директна линија со Скопје и со години сме зависни од другите превозници. А за секој празник не можеме да стигнеме до Скопје од толку гужва што има.  Чекав три часа и некако успеав да се качам и отпатувам. Во оваа наша мака, дивите таксисти се обидоа да ќарат. Иако стандардно  возат за 150 денари, попладнето и вечерта бараа 300 денари – вели  велешанец патник  кој работи во Скопје.

Гужва имало и на наплатните рампи од автопатот Велес – Скопје. Во  ударниот термин од 17 до 19,30 часот  на наплатната рампа кај езеро Младост се чекало до 15 до 20 минути а колоната автомобили   била долга и до 300 метри иако работеле сите пет пункта. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »