Петар Печков
Објавено: недела, 02 април 2017
Како луѓето да се заштитат, не само да се пијат лекови. Вообичаени се систематските прегледи кои за дел од вработените се задолжителни , со ЕКГ прегледи, крвна слика и сл.
Фактори на ризик кои влијаат на повисок број на кардиоваскуларни зболувања освен начинот и темпото на живот се:
мајор фактори- тоа се високи вредности на масти во крвта, пушењето, дебелината, физичка неактивност, нездрава исхрана, шеќерна болест.
Со помало влијание се : нискиот социо-економски статус на лицата, ментални заболувања -стрес, депресија, алкохол, оралната контрацепција, хормонски лекарства кои исто така го зголемуваат процент на кардиоваскуларни заболувања.
Има фактори на кои не може да се влијае: возраста бидејќи природно ризикот со годините се зголемува, фамилијарна историја ако се има во семејството таков случај голема е веројатноста дека ќе ја има некој од наследниците, влијаат и расата, националноста, верата (бидејќи секој народ и религија имаат карактеристична исхрана која влијае на болестите).
Препораки: редовно се обавуваат систематски прегледи,да се контролира крвниот притисок, над 50 години редовно да се проверува крвната слика, да се први периодично ЕКГ, да се зголеми физичката активност, да се намали внесот на калори –преку начин на исхрана. Да се внесува повеќе зеленчук, овошје и да се консумира бело месо, помалку црвено месо.
Посебно е значајно цигарите да се откажат, тие влијаат на мозочен удар, за срцев удар тие влијаат на карцином на дробовите. Секојдневно пешачење во траење од 45 минути пет дена, со темпо од 4 км/ч. Висината на крвниот притисок треба да биде 140/85 кај лицата кои не се болни, додека тие што се заболени и имаат диајбет треба да биде 130/80 . Холестеролот треба да биде под 5,7 при што лошиот треба да биде под 3 со што е задолжително пациентот да контактира со доктор. елесната тежина исто има влијание при што индексот да биде под 25, секое кило вишок е оптоварување за телото и организмот.
Намирници кои треба да се консумираат и го намалуваат холестеролот: јаболко, овес, морков, маслиново масло, бадеми, лук, кромид, риба, зеленчук. Како да се избегне згрутчување на kрвта, која го создава мозочниот удар, кои намирници се важни: чај, лути пиперки, црно вино во мали количини – 150 мили литри на ден, морски плодови, брусници кои имаат влијание на миокарден инфаркт
Д-р Милчо Трајков
Tweet |