Петар Печков
Објавено: сабота, 24 ноември 2012
Се известуваат сите државјани на Република Македонија кои времено или постојано престојуваат во Соединетите американски држави, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сојузна Република Германија, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Швајцарија, Италија, Австрија и Словенија дека во текот на 2013 година ќе можат да поднесат барање за добивање пасоши преку дипломатско – конзуларните преставништва на Република Македонија во горенаведените држави.
Согласно законската процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко –конзуларно преставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера. Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на еден од следните телефонски и факс броеви или е-маил адреси:
Мелбурн: телефон: ++ 61 3 986 722 00; факс: ++ 61 3 986 722 99; е-маил: melbourne@mfa.gov.mk
Канбера: телефон: ++ 612 6282 6220; факс: ++ 612 6282 6229; е-маил: canberra@mfa.gov.mk
Чикаго: телефон: ++ 1 312 419 8020, ++ 1 312 419 8114; факс: ++ 1 312 419 8040; е-маил: chicago@mfa.gov.mk
Детроит: телефон: ++ 1 248 354 5537, ++ 1 248 354 5356; факс: ++ 1 248 354 5538; е-маил: detroit@mfa.gov.mk
Њујорк: телефон: ++ 1 646 524 5750, ++ 1 646 524 5752; факс: ++ 1 646 524 5754; е-маил: cg.newyork@mfa.gov.mk
Торонто: телефон: ++ 1 416 322 21 96; факс: ++ 1 416 322 24 12; е-маил: toronto@mfa.gov.mk
Стокхолм: телефон: ++ 46 8 661 18 30; ++ 46 8 667 21 45; факс: ++ 46 8 667 21 45; е-маил: stockholm@mfa.gov.mk
Копенхаген: телефон: ++ 45 39 76 69 20, ++ 45 39 76 69 28, факс: ++ 45 39 76 69 23; е-маил: copenhagen@mfa.gov.mk
Хаг: телефон: ++ 31 70 427 44 64, ++ 31 70 427 44 65; факс: ++ 31 70 427 44 69; е-маил: hague@mfa.gov.mk
Брисел: телефон: ++ 32 2 734 56 87; факс: ++ 32 2 732 07 17; е-маил: brussels@mfa.gov.mk
Лондон: телефон: ++ 44 207 976 0535, ++ 44 207 976 0538; факс: ++ 44 207 976 0539; е-маил: london@mfa.gov.mk
Париз: телефон: ++ 331 45 77 10 50, ++ 331 45 77 85 77, ++ 331 45 77 10 73; факс: ++ 331 45 77 14 84; е-маил: paris@mfa.gov.mk
Берн: телефон: ++ 41 31 352 00 02, ++ 41 31 352 00 16, ++ 41 31 352 00 28, ++ 41 31 352 00 30; факс: ++ 41 31 352 00 57, ++ 41 31 352 00 37; е-маил: bern@mfa.gov.mk
Венеција: телефон: ++ 39 041 532 02 82, ++ 39 041 532 72 80; факс: ++ 39 041 532 12 79; е- маил: venice@mfa.gov.mk
Берлин: телефон: ++ 49 30 890 69 522; факс: ++ 49 30 895 41 194, ++ 49 30 890 69 525; е-маил: berlin@mfa.gov.mk
Бон: телефон: ++ 49 228 23 7986; ++49 228 23 0971; факс: ++ 49 228 23 77433; е-маил: bonn@mfa.gov.mk
Минхен: телефон: ++ 49 89 542 447 56; факс: ++ 49 89 542 447 58; е-маил: munich@mfa.gov.mk
Виена: телефон: ++ 43 1 524 8756, ++ 43 1 524 8757; факс: ++ 43 1 524 8753; е-маил: vienna@mfa.gov.mk
Љубљана: телефон: ++ 386 1 421 00 21, ++ 386 1 421 00 22; факс: ++ 386 1 421 00 23; е-маил: ljubljana@mfa.gov.mk
Најавувањето може да се изврши во следните периоди:
Соединети американски држави, Канада, Австралија и Нов Зеланд
Прв период: 22 ноември 2012 – 15 јануари 2013 година
Втор период: 20 јануари – 15 март 2013 година
Трет период: 20 март – 15 јуни 2013 година
Четврт период: 20 јуни - 01 септември 2013 година
Европа
Прв период: 22 ноември 2012 – 15 јануари 2013 година
Втор период: 01 март – 31 мај 2013 година
При најавувањето, државјаните на Република Македонија треба да ги достават следните податоци:
- име и презиме (за лица со променето име или презиме и името и презимето во моментот на раѓање)
- место, датум и држава на раѓање
- име и презиме на родителите
- последна адреса на живеење во Република Македонија
- тип на пасош за кој се поднесува барање: Тип “А” (македонски, како и македонско – бошњачки, турски, српски, влашки и ромски) и тип “Б” (македонско – албански)
- вид на барањето за пасош (издавање нов пасош, замена на пасош со поминат рок на важност, предвремена замена на пасош чиј рок на важност не е изминат, заменет на оштетен пасош, издавање на “дупликат” пасош доколку пасошот е изгубен или украден)
- адреса на живеење во странската држава
- телефон или е-маил за контакт
Согласно најавата, дипломатско–конзуларните претставништва на Република Македонија за истото ќе го информираат Министерството за надворешни работи, кое ќе го информира надлежното Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, со цел проверка дали постојат законски пречки за прием на барањето за издавање на пасошот.
Оние државјани за кои Министерството за внатрешни работи ќе утврди дека не постојат законски пречки да биде примено барањето за издавање на пасош, ќе можат да го поднесат барањето во следните периоди и во следните градови:
Соединети американски држави и Канада
1. За поднесена најава во периодот од 22 ноември 2012 до 15 јануари 2013 :
15 февруари – 15 март 2013 - Њујорк и Торонто
15 февруари –1 март 2013 - Чикаго
02 март – 15 март 2013 - Детроит
2. За поднесена најава во периодот од 20 јануари до 15 март 2013:
01 - 31 мај 2013 - Њујорк и Торонто
01-15 мај 2013 - Чикаго
16 мај - 31 мај 2013 - Детроит
3. За поднесена најава во периодот 20 март – 15 јуни 2013:
15 јули – 15 август 2013 - Њујорк и Торонто
15 јули –01 август 2013 - Чикаго
02 август - 15 август 2013 - Детроит
4. За поднесена најава во периодот 20 јуни – 01 септември 2013:
01 октомври - 31 октомври 2013 - Њујорк и Торонто
01 октомври - 15 октомври 2013 - Чикаго
16 октомври – 31 октомври 2013 - Детроит
Австралија и Нов Зеланд
1. За поднесена најава во периодот од 22 ноември 2012 до 15 јануари 2013 :
15февруари–19 февруари 2013 – Мелбурн
20 февруари – 23 февруари 2013 – Канбера
24 февруари – 28 февруари 2013 – Вологонг
01 март – 04 март 2013 – Сиднеј
05 март – 09 март 2013 – Бризбан
10 март – 15 март 2013 – Перт
16 март – 17 март 2012 - Аделајд
2. За поднесена најава во периодот од 20 јануари до 15 март 2013:
01 мај –06 мај 2013 – Мелбурн
07 мај -11 мај 2013 – Канбера
12 мај – 15 мај 2013 – Вологонг
16 мај – 19 мај 2013 – Сиднеј
20 мај – 22 мај 2013 – Њу Касл
24 мај -26 мај 2013 – Бризбан
27 мај – 31 мај 2013 – Перт
01 јуни – 02 јуни 2013 - Аделјад
3. За поднесена најава во периодот 20 март – 15 јуни 2013:
13 јули – 17 јули 2013 – Мелбурн
18 јули – 21 јули 2013 – Канбера
22 јули -25 јули 2013 – Вологонг
26 јули – 29 јули 2013 – Сиднеј
30 јули -02 август 2013 – Њу Касл
04 август – 07 август 2013 – Бризбан
08 август – 12 август .2013 – Окланд (Нов Зеланд)
13 август – 16 август 2013 – Перт
4. За поднесена најава во периодот 20 јуни – 01 септември 2013:
01 октомври - 06 октомври 2013 – Мелбурн
07 октомври – 10 октомври 2013 – Канбера
11 октомври – 13 октовмри 2013 – Вологонг
14 октомври – 17 октомври 2013 – Сиднеј
18 октомври – 21 октомври 2013 – Њу Касл
23 октомври – 25 октомври 2013 – Бризбан
26 октомври – 27 октомври 2013 – Окланд (Нов Зеланд)
28 октомври – 31 октомври 2013 – Перт
01 ноември – 02 ноември 2013 - Аделајд
Европа
1. За поднесена најава во периодот од 22 ноември 2012 до 15 јануари 2013 :
15 февруари –19 февруари 2013 – Стокхолм
21 февруари – 24 февруари 2013 – Гетеборг
26 февруари – 28 февруари 2013 – Малме
02 март – 05 март 2013 – Копенхаген
07 март – 10 март 2013 – Хаг
12 март – 15 март 2013 – Брисел
17март -20 март 2013 – Лондон
22 март -25 март 2013 – Париз
27 март -02 април 2013 – Берн
04 април – 08 април 2013 – Местре
10 април -13 април 2013 – Пјаченца
15 април – 19 април 2013 – Берлин
21 април – 26 април 2013 – Бон
27 април – 30 април 2013 – Минхен
01 мај – 03 мај 2013 – Виена
04 мај – 06 мај 2013 - Љубљана
2. За поднесена најава во периодот од 01 март до 31 мај 2013:
01 јули –05 јули 2013 – Стокхолм
07 јули – 10 јули 2013 – Гетеборг
12 јули – 14 јули 2013 – Малме
16 јули – 19 јули 2013 – Копенхаген
21 јули – 24 јули 2013 – Хаг
26 јули – 29 јули 2013 – Брисел
31 јули – 04 август 2013 – Лондон
06 август – 09 август 2013 – Париз
11 август -17 август 2013 – Берн
19 август – 22 август .2013 – Местре
24 август - 26 август 2013 – Пјаченца
28 август – 01 септември 2013 – Берлин
03 септември – 09 септември 2013 – Бон
11 септември – 15 септември 2013 – Минхен
16 септември – 18 септември 2013 – Виена
19 септември -21 септември 2013 - Љубљана
При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.
Доколку се поднесува барање за издавање на пасош на лице кое го изгубило пасошот или истиот му е украден, потребно е да биде доставен и оригинален документ – потврда од Службен весник на Република Македонија за пријавено губење на пасошот. Со барањето се поднесува и оригинален документ за пријава на губењето или кражбата на пасошот и копија на истиот, како и изјава дадена во оригинал од носителот на пасошот.
Поднесувањето на барањето за пасош се врши лично, а за малолетните деца потребно е присуство на двајцата родители односно старателот (старателството се докажува со соодветен оригинален документ – судско решение за старателство и копија од истиот). Доколку едниот родител не е присутен при поднесувањето на барањето за пасош потребна е негова, во оригинал, писмена согласност дадена во форма на полномошно односно изјава, која е заверена на нотар, суд или во дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија. При поднесувањето на барањето за пасош за малолетно лице задолжително се презентира оригинален македонски извод од матичната книга на родените и копија од истиот.
За хендикепирани лица барањето го поднесува законски определениот старател (старателството се докажува со оригинален документ и копија од истиот), а се поднесува и оргинална болничка документација за доказ на болеста или степенот на хендикеп, како и копија од истата.
За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.
Сите документи кои се поднесуваат при аплицирањето за пасош, задолжително треба да бидат на македонски јазик. Доколку се поднесува странски документ истиот задолжително треба да биде преведен на македонски јазик, со заверен превод.
При поднесувањето на барањето се плаќа или се доставува доказ за платена конзуларна такса согласно Законот за административни такси. Информација за висината на конзуларната такса може да се добие во надлежното дипломатско – конзуларно претставништво на Република Македонија.
При поднесувањето на барањето за пасош, државјаните на Република Македонија задолжително пополнуваат и пријава за престој во странство подолго од три месеци.
Tweet |