речник контакт

Како е да се патува од Велес до Скопје, за на работа

Како да се стигне на време на работа во Скопје, проблем за велешани кои работат во смени во главниот град

Петар Печков

Исповед на велешанец, кој работи во Скопје, еден од неколкуте илјади кој секојдневно патуваат. Некои со воз, други со автобус, трети со сопствен превоз.  Овој наш сограѓанин патува комбинирано, со превоз кој најмногу му одговара.

„Неделава никаде не се објави дека македонски железници штрајкуваа, возовите не возеа. Средата наутро се упатив на Железничка во Велес . По пат друг патник кој исто патува во првиот воз наутро, во 5,03ч  ме сретна и кажа дека возовите не сообраќаат поради штрајк, МЖ Транспорт не земале плата. Ова често се случува во МЖ час Транспорт, час Инфраструктура штрајкуваат секој месец по некој ден. Па јавноста и не е во тек дека возовите не сообраќаат. Дилема беше како да патувам и стасам на работа на време во Скопје до 7 ч. а автобуси толку рано нема. Морав да будам некого од тие што возат во групата Велес- Скопје -Велес. Човекот коректно се јави и така отпaтував на работа и стигнав на време“ - вели наш сограѓанин.

Тој посочи уште еден пример исто оваа седмица, овој пат од Автобуската станица.

„Околу 16 ч. бев на Автобуска да одат на работа во Скопје. Стигна автобус но тоа беше мини бус. Возачот преку пенџере крена два прста, што значеше дема има две места. Толку. А бевме десетина лица. Ги молев младите кои одеа за Скопје да ме пуштат да отпатувам, тие не реагираа па морав да чекам следен автобус. А се повеќе возат такви минибуси каде бројот нa патници е ограничен до 20 лица“ - вели тој.

И објаснува зошто е неговата реакција.

„Ние во Велес мислиме дека сме центарот на Македонија и имаме транспортни врски со главниот град, кога и колку ни треба. Но фактичката состојба е друга. Ние сме отпадок и не` прибираат ако има место во автобусите, ако возовите не штрајкуваат. Жалосна  е состојба со патниците кои секојдневно патуваат до Скопје. Не сум само јас. Вакви примери им бројни. Има лица кои не се админстaративци и кои работат од 7 или 8 ч. , има и други професии кои работат во втора и трета смена и токму ние се судруваме со вакви трaнспортни  проблеми“ - заврши сограѓанинот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »