Петар Печков
Објавено: четврток, 24 октомври 2013
ТРМР дојде до документ за селска кавга на две фамилии од едно велешко село. Кавгата била сочна со изрази:вампирко,ѓубре, , несалам, имало и закани убијам, одлежам .... Обвинети се за кривините дела навреда, загрозување на сигурноста и за клевета.
Имињата се измислени, иако пресудата е правосилна, за полесно да се следи настанот. Да беше ова бајка или сказна ќе имаше наравоучение или поука. Ама ова е живот, реалност....
Првиот дел кога син и мајка ги навредуваат соседите
На ден 26.03.2011 година околу 10,00 часот од дворот на куќата во која живеела Миланка, фрлала камења кон куќата на соседите и тоа кон прозорот каде се наоѓал комшијата Стојан, кој поставувал прозорот на сопствената куќа. Комшиката го гаѓала со цел да го погоди, при што тој успеал да ги избегне, но еден камен со големина на човечка шака успеал да го фати.
Миланка продолжила да му се заканува со зборови „Ќе те отепам, нема да постоиш, се ќе ти искршам дома, ќе ја земам пушката и ќе те отепам како куче“ и му рекла „Ти го отру кучето на син ми, му ја искина фолијата“, а потоа и навредливите зборови „Ти си несалам, ако си салам нема да живееш тука, глупав ни еден, за ништо не те бива“. По ова дошол и нејзиниот син Милан кој се приклучил на кавгата и се заканил со зборовите „Ќе те средам јас тебе, ќе те отепам, ќе те лежам, ич око не ми трепнува, излези ако си маж, па да видиш што ќе те најде“.
По ова кавгата продолжила со Стојна сопругата на Стојан која била на терасата, па Миланка и се обратила со погрдни и навредливи зборови „Види каква си никаква, никаква ниедна, не си салам и да си одиш од тука, да те нема простачко низаедно“ и „Види каква сум како маскетина, ќе те умрам и ќе те закопам“. Следниот ден кога Стојна се враќала од продавница, Миланка ја пречекала пред нејзината порта при што ја исплукала и и рекла „Ѓубре едно скапано,,
Следи и вториот дел кога Стојан и Стојанка ги навредуваат син и мајка, Милан и Миланка.
На ден 26.03.2011 година околу 10,00 часот, додека Миланка седела во дворот на семејната куќа, во присуство гостите, ги опоменала соседите Стојан дека немаат право да отвараат прозор кон нејзината куќа. По ова излегол Стојан и држејки камен во рацете и се обратил на комшивката Миланка „Доста мори мангупко една ако дојдам ќе те отепам“ на што сопругата Стојанка го поттикнувала со зборовите „Удри ја со каменот„, за да потоа двајцата сопружници ја навредиле со зборовите „Вампирко една, вештерко една, краво една“.
Потоа двајцата продолжиле со навредите , прво Стојна со зборовите ,,Арно мажот ти пцовисаниот пцовиса тој пијаницата што не ни даваше џам да отвораме“, па Стојан викал „Вампирко една, арно си сама само ако ти влезам“ а жена му го поттикнувала „Што гледаш бе, удрија бе, што чекаш“.
За ова двете фамилии платиле парчина казна, што е пресуда за сторените кривични дела.
Tweet |