Петар Печков
Објавено: четврток, 10 април 2014
При гостувањето Вилем Де Грав директорот на Белгискиот стрип музеј во Велес на трибината имаше бројни прашања за стрип уметноста. Гостинот трпеливо одговараше но во еден момент направи гаф од кој тој се зацрвена и остана без текст. Имено објаснувајќи ги разликите меѓу белгискиот и американскиот стрип, тој рече.
Белгиските стрип јунаци се разликуваат од американските по тоа што се многу пореални, по човечки, не се супер херои. Тие имаат свои миленичиња, кучиња. Можете ли да го замислите Супермен да има куче – констатира Де Грав. На ова детски глас од публиката храбро реплицираше.
Па Супермен има куче. Тоа е Крипто – тоа беше одговорот на деветгодишниот Лука Мидовски мал стрип цртач а голем љубител на стрипот. На оваа констатација гостинот од Белгија остана без текст, и зацрвене од непознавањето на овој факт.
Вилем Де Грав е директор на Стрип музејот во Брисел, кој постои 25 години а во неговата библиотека има 65 илјади наслови. Оваа институција е една од знаменитости на Брисел со висока посетеност, а дури 80 отсто од гостите се странци. Белгискиот стрип е познат по светот по јунаците Тин Тин, Штрумфовите, Таличен Том, Спиру, Гастон.
Tweet |