Петар Печков
Објавено: сабота, 10 октомври 2015
Живееме во време кога сме буквално опкружени од технологија - телевизори, компјутери, мобилни телефони, паметни часовници... Сите тие на некој начин влијаат на начинот на кој го живееме животот, како седиме, како јадеме, но и како спиеме. Научните истражувања за тоа како технологијата влијае на нашиот сон покажуваат дека ако спиеме со вклучен телевизор и компјутер, може сериозно да си го нарушиме здравјето.
Праксата покажува дека многу луѓе имаат навика да заспијат пред вклучен телевизор тврдејќи дека на тој начин им е далеку полесно да заспијат. Ако во таа група на луѓе, потребно е да знаете дека ваквата лоша навика сериозно го нарушува процесот на спиење и има големи последици врз вашето здравје.
Безмалку сите истражувачи на процесот на спиење се согласуваат во тоа дека човечкото тело најмногу се одмора кога спие во целосна темнина. Kога сонцето изгрева, односно кога започнува новиот ден, рецепторите за светлина во мрежницата ни испраќаат сигнал дека е време да се разбудиме, со што се спречува создавањето на мелатонин (хормонот за спиење) во телото.
Од друга страна, кога се стемнува, телото добива сигнал дека е време за спиење и со тоа почнува обратен процес, односно се ослободува хормонот за спиење. Ако во тој момент се наоѓате изложени на прекумерна светлина како што се запалените светилки, многу е веројатно дека ќе имате немирен сон. Ситуацијата е обратна кога е темно.
Потоа телото добива сигнал дека е време за спиењe, и ни помага да спиеме со испуштање мелатонин. Ако сте изложени на прекумерната светлина, како што е таа која доаѓа од телевизорот, сериозно ќе ви се наруши процесот на спиење бидејќи светлината се меша со основните функции на телото, деноноќниот ритам и влезот во фазата на спиење, во која ќе може најдобро да се релаксирате.
Сето тоа резултира со чувство на поспаност, лошо расположение и анксиозност кога ќе се разбудите. Истото важи и за спиење со запален компјутер или придушена светлина. Невролошките истражувања покажуваат дека тоа доведува до лошо расположение.
Затоа најдобро е да ги елиминирате овие лоши навики. Ако сепак мислите дека нема да можете да заспиете ако не сте пред телевизорот, осигурајте се да го ставите во режим на заспивање по одредено време, односно самиот да се исклучи. Со тоа ќе ги елиминирате дел од последиците од лошиот сон.
Што треба да сторите пред да легнете. Постојат неколку добри совети што треба да ги примените пред да си легнете за да се осигурите дека ќе имате добар сон. Еве дел од нив: Половина час пред спиење не гледајте телевизија. Исклучете ги непотребните електрични апарати во спалната. Истото сторете го во детската соба. Не носете телефон или компјутер во собата каде што спиете.
Tweet |