Петар Печков
Објавено: вторник, 20 јануари 2015
Бркајќи автомобил,кој не сакал да застане, и двата полициски јети и фиат пунто, завршиле во канал, близу Касарната. Еве што од СВР Велес изјавија за овој настан:
На ден 17.01.2015 год. ( сабота) во 02.55ч. на улица Андон Шурков пред долниот влез на Касарната во Велес дојдено е до сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка Шкода-Јети сопственост на МВР на РМ, излетал од коловозот и слетал во бетониран канал за испуст на атмосферски води. До несреќата е дојдено при превземање службени дејствија од страна на полициските службеници. Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Велес.
Фофографијата е преземена од ,,брз круг,,.
Tweet |