Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 март 2010
Бебето е рожба на 15 годишната С.З. од селото Горно Јаболчиште, велешко која живее подолго време во вонбрачна заедница со Халит Зекиров кој е на времена работа во Италија.Машкото новороденчето критичната ноќ, саботата спиело во соба, додека неговата мајка С.З. и останатите роднини седеле во семејната куќата.
Околу полноќ бебето кое претходно мирно спиело почнало да се гуши. Чичкото и мајката веднаш го зеле и со автомобил тргнале кон велешката болница. Но, детето починало по пат, уште пред да стигнат до болницата. Според полицијата, на телото на новороденчето немало траги на насилство, но случајот ќе се испитува детално за да се дознаат причините за смртта.
Полициската истрага ќе треба да даде одговори на повеќе дилеми, како е можно петнаесетгодишна двојка која била со ризична бременост, да биде пуштена од Болница без согласност на родителите и да се остави да се породи сама во село. Згора на тоа родителите на девојката во повеќе наврати бараа од полицијата да ја спроведе судската пресуда, нивната ќерка да се врати дома, откако таа бегалка заминала во семејството на сопругот Халит Зекиров.
Малолетната С.З. се бранела дека тоа го прави поради љубов и не сака да се врати дома каде ја малтретирале и ја терале да работи земјоделски работи. Центарот за социјални грижи од Велес ги посетил и разговарал со девојчето, но ситуацијата не се сменила. За нив пресудно било тоа што девојчето била во вонбрачен живот од љубов и поради ризична бременост не сакале наспроти нејзина волја да биде вратена кај родителите.
Tweet |