речник контакт

Како работи градежната инспекција во Велес

Според извештај на граѓанско здружение во 2011-та не е постапено по ниту едно репшение

Петар Печков

Во неодамнешната анкета на ТРМР убедливо во водство беше градежната инспекција како инспекција која најмалку работи во општината. Ова е ставот на дел од граѓаните. А што велат за ова компаративни анализи сработени од граѓанско здружение.  Неодамна ТРМР ви ги претстави документите како работата пазарната и трудовата инспекција во Велес, според забелешките на велешката полиција и ЈКП Дервен. Сега на ред се резултатите од работата на градежната инспекција.

,,Соодносот помеѓу реализираните решенија за уривање бесправно изградени објекти и бројот на донесени решенија за уривање бесправно изградени објекти покажува како општината  се справуваат со бесправно изградените објекти. Вредноста на индикаторот за 2011 година за Велес  изнесува 0. Според вредноста на индикаторот, може да се заклучи дека општина Велес, иако донела 10 решенија за уривање бесправно изградени објекти, ниту едно од тие решенија не го реализирала, односно, не било извршено уривање на ниту еден од бесправно изградените објекти.,,

( во сите десет случаи биле решенија за рушење на шупи, гаражи, помошни простории)

,,Соодносот помеѓу бројот на поднесени барања и бројот на одобрени барања ја покажува ефикасноста во издавањето одобренија за градење. Вредноста на индикаторот за 2011 година  за општина Велес изнесува 0,625 или оценка 3. Според вредноста на индикаторот, може да се заклучи дека степенот на ефикасност во издавањето одобренија за градење на општина Велес не е многу висок, односно 62,5% од барањата за градба поднесени во текот на 2011 година се одобрени.,, 

Овие оценки се дел од Извештај е подготвен во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, што го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »