речник контакт

Како се запива младото вино од годинашнава реколта

Секој трет четврток во месец ноември французите го одбележуваат Виноден

Петар Печков

Секој трет четврток во месец ноември французите го одбележуваат Виноден, денот на запивање на младо виното од новата годинашна реколта а шеста година по ред велешкиот винар Ристо Ташев се обидува оваа традиција да ја пренесе и кај нас во Македонија. Ова беше повод стотина винаро - производители и љубители на овој пијалок од земјава да се соберат, во хотелот „Романтик“ на велешко езеро, да се дружат и го пробаат виното од оваа година.

- Ова е ден кога ширата станува вино и сакав по теркот на французите да се прошири и во Македонија, да стане традиција. Денес во таа чест, на оваа манифестација, ќе пиеме само вино – изјави Ташев сопственик на винаријата ,,Тристо,, која годинава за прв пат ќе произведе седум илјади шишиња комерцијално флаширано вино, но кое на пазарот ќе се продава по три години. За важноста во светот зборува и фактот што по тој повод французите во светот, најмногу во САД и Јапонија, на овој ден пласираат 10 милиони шишиња вино. Виноден во Франција е глобален најважен вински настан, манифестација која засенува се друго. Обидот тој за заживее во Македонија се покажува како успешен, бидејќи бројноста на гостите и вино-производителите од година во година е се поголема. Тоа е можност освен да се дружат и да се разменат искуствата за производството на доброто вино. За стручњаците производството на вино е наука, од  тоа како да се одгледува лозјето, до налевањето во чаша.

\"\"

- Во земјава има бројни винарии, и колку визби има толку има и стилови, токму затоа тоа е специфичен производ, никако индустриски. Тајната на доброто вино е во подрачјето каде се произведува, вложениот труд во него и умешноста тоа да се сервира. Важно е виното во кој амбиент се пие, во каква чаша и со која храна се конзумира. Македонија има од Бога дадено услови за производство, доволно умни луѓе и капитал да понудиме вино кое светот ќе го препознае и бара – вели проф д-р Звонимир Божиновиќ енолог од Факултетот за земјоделие и храна.

На манифестацијата беа присутни и „Витезите на вино“ љубители кои имаат псоебен култ кон овој напиток. Традицијата на Виндоден започнува во 1951-ва во Франција кога тие решиле да промовираат и афирмираат нов вински регион Божуле, наспроти прочуените Бургундија и Шампања, како и да создадат нов бренд на ефтино, нежно обоено младо вино. По половина век овој ден, кога се запива новото вино од годнашнава реколта во Франција е приоритетен настан, кој ништо не може да го засени.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »